(Видео) Почина легендарниот американски боксер Марвин Хаглер

На 66-годишна возраст почина легендарниот американски боксер Марвин Хаглер. Тој беше неприкосновен шампион во средна категорија од 1980 до 1987 година.

Во кариерата забележа 52 нокаута, а го носеше прекарот чудесен. Магазинот „Ринг“ го прогласи за четврти најдобар во средна категорија на сите времиња.

Хаглер во кариерата водеше историски борби со Роберто Дуранд, Томас Хернс и Шугар Реј Леонард. Последната му беше против Леонард во 1987 година во Лас Вегас. Леонард победи со поделена одлука, а до денес одлуката на судијата се смета за една од најконтроверзните.

Scroll to Top