(Видео) Почина ММА-борец, му откажале белите дробови за време на рутинска операција на раката

Триесетгодишниот ММА-борец, Кајл Рејес, починал за време на рутинска операција на раката. Додека докторите работеле, на Рејес му откажале белите дробови. Тој има 22 професионални борби во кариерата, а почина во понеделникот на 30 август.

Рејес бил во болница и чекал да му биде опериран бицепсот на левата рака. Операцијата се искомплицирала и неговата состојба се влошила по што му откажале белите дробови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eric Nicksick (@eric_xcmma)

„Мојот другар беше во супер состојба. Навистина, сè беше во ред додека не замина на операција. Не знам што се случи“, рече Тревис Џонс, негов близок пријател.

Рејес беше дел од салата Extreme Cotour, што ја држи некогашниот славен UFC-шампион Ренди Кутур.

Scroll to Top