(Видео) ПСЖ и Ливерпул на чекор до четврт-финалето во Лигата на шампионите

Синоќа беа одиграни првите натпревари во осмина-финалето во Лигата на шампионите. Фудбалерите на ПСЖ ја победија на гости Барселона со убедливи 4:1. Каталонците први поведоа со голот на Меси од пенал, но Французите направија пресврт преку Мбапе во 32. и 65. минута.

Мојзе Кен во 70. минута погоди за 1:3, а конечниот резултат го постигна Мбапе со хет-трик во 85. минута. Ревеаншот ќе се игра на 10 март.

Во исто време Ливерпул беше подобар од Лајпциг во Будимпешта со 2:0. Мохамед Салах и Садио Мане беа стрелци за премиерлигашот во 53. и 58. минута. Другите мечеви во осмина-финалето се Порто со Јувентус и Севилја со Борусија Дортмунд.

Наредните мечеви се играат следната недела меѓу Атлетико Мадрид и Челси, Лацио со Баерн Минхен, Аталанта со Реал Мадрид и Борусија Менхедгладбах со Манчестер сити.

Scroll to Top