(Видео) Роналдо може ли да се омажам за Јуниор, девојче држеше транспарент меѓу фановите на Манчестер јунајтед, по двата гола на Португалецот

Кристијано Роналдо по 18 години повторно се врати во Манчестер Јунајтед и постигна два гола на Олд Трафорд. Фановите го пречекаа со овации, а меѓу нив беше девојче со транспарент на кој прашува дали може да се омажи за син му.

„Роналдо, може ли да се омажам за Јуниор“, праша таа.

Роналдо ја направи и неговата мајка горда. Таа беше на стадионот и заплака по двата постигнати гола на нејзиниот син.  За потсетување, Манчестер Јунајтед го подбеди Њукасл со 4:1, а покрај Роналдо, голови дадоа и Фернандес и Лингард.

Манчестер Јунајтед по четири одиграни кола е прв на табелата со 10 бода, исто колку и Челзи. Следуваат Манчестер Сити, Брајтон и Тотенхем со по 9 бодови.

Scroll to Top