Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Муса Дембеле се онесвести за време на тренингот. Тој остана без свест, додека неговите соиграчи се обидоа да му дадат прва помош. Тие велат дека забележале како му се тресела левата нога.
За кратко време стигнала и брзата помош и за среќа брзо го вратија на нозе. Дембеле самиот го напушти теренот и замина во болница со болничко возило.
Шпанскиот весник „Марка“ пренесува дека фудбалерот имал проблеми со притисокот кој му бил низок. Во моментов тој се наоѓа на обсервација, а лекарите велат дека сите витални знаци му биле апсолутно нормални.