Швајцарскиот коментатор полуде по победата на Швајцарија над Франција, на синоќешниот осминафинален натпревар на Европското првенство. Откако натпреварот заврши нерешено, 3:3, мечот отиде во продолженија, а на крајот се шутираа пенали.
Последниот го промаши Мбапе, а швајцарскиот коментатор во стил на неговите бразилски колеги се израдува на победата. По спектаклот Хрватска – Шпанија, кој заврши со дури 8 гола, никој не очекуваше дека ќе гледаме уште полуд натпревар во Букурешт.
Во регуларните деведесет минути, Французите имаа предност од два гола, но Швајцарците изедначија во последните секунди од мечот.