(Видео) Синот на Паоло Малдини го даде својот прв гол во дресот на Милан

Даниел Малдини, синот на Паоло Малдини, го даде својот прв гол во дресот на Милан. Даниел ја продолжи семејната традиција и тој е трета генерација од семејството што го носи дресот на Милан. Неговиот дедо, Чезаре и татко му Паоло се легенди на клубот од „Сан Сиро“.

19-годишниот напаѓач го одигра првиот натпревар оваа сезона. Тој постигна гол во 48.минута на гостувањето во Специја, што е негов прв за Милан во 14.настап.

Милан победи во Специја со 2:1. По голот на Малдини, израмни Верди во 80.минута, а седум минути подоцна Брахим Дијаз погоди за победа на Милан.

Милан, по шест кола има 16 бодови и со натпревар повеќе се наоѓа на челната позиција на табелата, во Серија А.

Scroll to Top