(Видео) Скијачот Урс Крунбил доживеа тешки повреди по падот на трката во Австрија

Швајцарскиот скијач Урс Крунбил доживеа тешки повреди по падот кој се случи деновиве на трката на легендарната патека на „смртта“ „Штрејф“ во Кицбл во Австрија. Тој на последниот дел од патеката, изгубил рамнотежа и доживеа тежок пад.

Летал неколку метри со брзина од 150 километри на час, а во моментите кога паднал, завладеала тишина во Кицбл. Првичните информации биле дека тој се здобил со тешки повреди на главата, скршеница на клучната коска, скинати лигаменти и дека не бил во состојба да зборува.

Веднаш бил пренесен во болница. За жал и оваа сезона чести се падовите на најдобрите светски скијачи. Слично сценарио пред него доживеа и Американецот Рајан Кокран-Сигл, но во тој случај, трката многу скоро потоа продолжи.

Scroll to Top