(Видео) Спречена тепачка на „Џузепе Меаца“, меѓу Ибрахимовиќ и Лукаку

Синоќешниот меч меѓу Интер и Милан во 1/4 финалето во Купот на Италија заврши во сенка на инцидентот што настана меѓу напаѓачите Ромелу Лукаку и Златан Ибрахимовиќ.

Несреќниот момент се случи на самиот крај од првиот дел откако по еден фаул, дојде до вербален конфликт меѓу Ибрахимовиќ, кој беше стрелец на водечиот погодок за Милан и Белгиецот Лукаку.

.Иако на почетокот не изгледаше сериозен дуел, малку фалеше да дојде до вистинска тепачка. Соиграчите на двата тима едвај ги разделија.

Камерата во еден момент го снимила Ибра како му се обраќа на Лукаку, нарекувајќи го „гомно“, по што Белгиецот испровоциран почнал да се бутка со другите за да дојде и се пресмета со него.

Пo инцидентот судијата во второто полувреме му го покажа и вториот жолт картон и го исклучи Швеѓанецот од игра. За потсетување, Ибрахимовиќ и Лукаку, многу добро се познаваат од претходно, откако претходно играа заедно во Манчестер јунајтед.

Интер го доби мечот со 2:1 и се пласираше во полуфиналето на купот.

 

Scroll to Top