(Видео) Србија бара да се казни фудбалерот Шакири зашто нагрна јакна со знакот на УЧК

By

Фудбалскиот сојуз на Србија, ќе испрати писмо до ФИФА и УЕФА во кое ќе побараа да се казни играчот на Швајцарија, Џердан Шакири, заради тоа што на себе нагрнал јакна со знакот на УЧК.

Швајцарскиот репрезентативец по завршувањето на натпреварот со Северна Ирска, ја доби јакната од непознат навивач.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LidhjaShqiptare (@lidhjashqiptare)

„Подготвуваме протестно писмо до ФИФА и УЕФА и се надеваме дека ќе има соодветни реакции од нив како федераии кои што имаат нулта толеранција за националистички испади. Се надеваме дека инволвираните ќе бидат соодветно казнети. Исто така имаме и реакција кон објавите на натпреварот меѓу Шведска и Албанија, каде што имаше натписи ‘Косово е Албанија’. Се надеваме на реакција од ФИФА и УЕФА“, изјави портпаролот на ФСС, Јован Шурбатовиќ.

Од Фудбалскиот сојуз на Швајцарија пак застанаа во одбрана на нивниот фудбалер и соопштија дека не гледаат ништо спорно во целиот тој настан.

Непознатиот човек кој му ја даде јакната на Шакири на крајот бил приведен и испрашуван од полицијата. За него е донесена забрана за влез на стадионите.

Ќе ви се допадне