(Видео) Столе Димитриевски одбрани пенал на Барселона: Поставете му статуа пред Камп Ноу, бараат фановите

Откако Столе Димитриевски одбрани пенал на Мемфис Депај, а тренерот на Барселона, Роналд Куман, доби отказ, навивачите на каталонскиот клуб бараат да се постави статуа на македонскиот голман пред Камп Ноу. „Столе е новиот херој на Барса“, велат навивачите.

Вчеравечер Рајо Валјекано ја победи Барса со 1-0 во 11. коло од шпанската Ла Лига. Иако фановите велат дека се лути поради поразот, не кријат дека се среќни што клубот конечно го отпушти тренерот со кој Барселона има лоши резултати од почетокот на сезоната. Според нив, одбраната на Димитриевски била клучна за Куман да си замине од клубот.

Димитриевски во 72. минута му одбрани пенал на холандскиот напаѓач, а голот за победа на Рајо Валјекано го постигна Радамел Фалкао во 30. минута.

Scroll to Top