Голманот на Македонија, Столе Димитриевски, со 11 одбрани и 1 одбранет пенал, доби највисока оцена 8,5 од сите светски аналитичари и засега е голман број еден на Европското првенство.
Со одличната игра против Австрија и особено Украина, Столе ги освои симпатиите на фановите кои му дадоа надимак The Wall, (Ѕидот).
Столе успеа да го одбрани пеналот на Малиновски на натпреварот против Украина.