(Видео) Судијата кој го оштети Роналдо доби отказ

Судијата Марио Дикс, кој беше помошник на натпреварот меѓу Србија и Португалија, заработи отказ и нема да биде дел од холандскиот судиски тим за Европското првенство 2020.

Тој заработи отказ, откако ја оштети селекцијата на Португалија и не му го призна регуларниот гол на Кристијано Роналдо, кој го даде во самата завршница од натпреварот.

„Огромно разочарување за мене, и тоа токму пред европскиот шампионат. Макели ми соопшти дека сака да продолжи со друг помошник бидејќи ја загубил довербата во нашата соработка. Искрено се надевав на поголема поддршка, разбирање и доверба по успешната соработка сите овие години“, изјави Дикс.

Дикс беше дел од судиската тројка предводени од Дани Макели, а врз нив по натпреварот меѓу Србија и Португалија, беше направен голем притисок поради поништувањето на голот на Роналдо.

Португалецот на самиот крај, нервозен ја фрли капитенската лента и предвреме го напушти теренот. Тој бркаше рекорд и за најголем број погодоци во историјата на репрезентативниот фудбал.

Scroll to Top