(Видео) „Сум видел вонземјани, тие навистина постојат“, тврди фудбалерот Герет Бејл

Велшкиот фудбалер Герет Бејл тврди дека видел вонземјани. Тој во разговор за јутјуб-страницата на Тотенхем, клубот во кој игра оваа сезона, рече дека вонземјаните постојат и дека тоа не се само теории на заговор.

„Јасно е дека постојат теории на заговор, но знам дека постојат снимки и фотографии на НЛО. Тоа го објави владата на САД. Тоа не се лажни вести. Исто така, сигурен сум 100 отсто дека вонземјани постојат. Некој ги крие. Можно е дека тоа го прават владите на моќните земји, но ве уверувам дека сум ги видел“, рекол Бејл.

Оваа изјава на поранешниот играч на Реал Мардид предизвика разни реакции во јавноста, а повеќето велат дека не го сфаќаат сериозно и мислат дека се шегува.

Scroll to Top