(Видео) Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа

Најдобриот голф играч на сите времиња, Тајгер Вудс, се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска во близина на Лос Анџелес, пренесуваат американските медиуми.

45-годишниот Вудс бил сам во автомобилот и со голема брзина излетал од регионален пат. По несреќата, пожарникарите го ваделе од автомобилот, па веднаш е префрлен во клинички центар, каде што докторите се борат за неговиот живот.

Засега се знае дека има скршеници на нозете. Тој е опериран, но е позната неговата состојба.

Во тек е истрага за причините за несреќата.

Scroll to Top