(Видео) Тренерот на Интер, Антонио Конте, му го покажа средниот прст на претседателот на Јувентус, Андреа Ањели

Тренерот на Интер, Антонио Конте, му го покажа средниот прст на претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, по вчерашниот полуфинален меч во Купот на Италија. Натпреварот заврши без голови, но Јувентус беше подобар од Интер во првиот натпревар (2:1) и ќе игра во финалето.

Конте по мечот објасни го објаснил своето однесување и изјавил дека бил испровоциран.

„Јувентус треба да ја каже вистината. Мислам дека четвртиот судија виде што се случиваше за време на натпреварот. Домаќините би требало да бидат малку пристојни и да покажат почит кон оние кои ја работат оваа работа“, изјавил Конте за медиумите.

Конте пред тренерската кариера, долго време играше за Јувентус и беше капитен на „старата дама“. Фановите на Јувентус не му простија затоа што прифати да стане тренер на еден од најголемите ривали во италијанското првенство.

Scroll to Top