(Видео) Вахид Халилхоџиќ стана првиот тренер што однесе четири репрезентации на Светско, па стигна на телефон да му честита и на кралот на Мароко

Босанскиот тренер Вахид Халихоџиќ стана првиот тренер кој со четири различни репрезентации успеал да избори пласман на Светско првенство. На Мундијалот во Катар успеа да го однесе Мароко, откако во реваншот го победија Конго со 4:0.

Тие го завземаа местото во третиот шешир пред ждребката за Мундијалот кој ќе се игра во Катар. Додека Халилхоџиќ славеше со неговите фудбалери, му заѕвони телефонот, а колегите од стручниот штаб му го дадоа велејќи му дека лично го побарал кралот на Мароко Мухамед Шести.

„Ваше Височество, овој успех е заслуга на цела мароканска нација“, рече Халихоџиќ, зборувајќи му на француски јазик.

Популарниот босански тренер, претходно на Мундијалот ги однесе и Брегот на Слоновата коска, Алжир и Јапонија, но само со Алжирџите играше на Мундијалот во 2014 година. Со другите репрезентации откако се пласираше заработи отказ.

Од Брегот на Слоновата коска се откажаа од него поради слабите резултати на Купот на африканските нации, додека со Јапонија поради несогласувањата со тамошниот фудбалски сојуз.

 

 

Scroll to Top