(Видео) Во драматичен натпревар Шпанија ја победи Хрватска и се пласираше во четвртфиналето на Европското

By

Фудбалерите на Шпанија ја победија репрезентацијата на Хрватска на Европското првенство во Копенхаген и се пласираа во четвртфиналето. Натпреварот заврши нерешено 2:2 во регуларните 90 минути, а Шпанците успеаа да дадат два гола во продолженијата.

dobivaj vesti na viber

Хрватите први поведоа на натпреварот преку автоголот на Педри. Сарабиа израмни на 1:1 во 38 минута. Шпанија дојде до предност од 2:1 во 57. минута со голот на Цезар Аспиликуета. Феран Торес го даде третиот гол за Шпанците, а Хрватска се врати во игра со головите на Оршиќ во 85-тата и на нововлезениот Пашалиќ во 92 минута.

Избраниците на Златко Далиќ во финишот од натпреварот се изборија за продолженија. Во дополнителниот дел голови за Шпанија дадоа Алваро Мората и Микел Ојарсабал.

Шпанија и Хрватска го играа петтото осминафинале на ЕП, а досега во четвртфиналето се пласираа Данска, Италија, Чешка и Белгија. Вечерва од 21 часот ќе играат Франција и Швајцарија.

Ќе ви се допадне