(Видео) За згодната Бушар – Ѓоковиќ e плачко, a Надал ѕвер

Згодната канадска тенисерка Јуџини Бушар објави видео во кое таа Надал го нарече ѕвер, а Ѓоковиќ плачко. Таа доби задача за една минута да го каже првото нешто што ќе и текне за некои од светските тенисери. Кога се спомена името на Федерер, таа одговори со Роџер.

За Стефанос Циципас, таа кажа само дека е Грк, но кога го споменале името на шпанскиот тенисер Рафаел Надал, таа кажала ѕвер. Сепак најмногу коментари имаше на нејзиниот одговор на името на Ѓоковиќ, кого таа го нарече плачко.

Канадската тенисерка Бушар во моментно е 130. на ВТА-листата и е далеку од успешна на тениските терени, но затоа на Инстаграм има над 2 милиони следбеници.

Scroll to Top