Вилјареал e новиот шампион во Лига Европа

Фудбалерите на шпанскиот клуб Виљареал, синоќа по победата над Манчестер Јунајтед, стигнаа до својот прв трофеј во Лига Европа. Шпанците беа подобри по изведувањето на пеналите.

Дури 22 пати шутираа од белата точка, а на крајот промаши шпанскиот голман на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа. Тренерот на „жолтата подморница“, Унаи Емери, по четврти пат го крена овој пехар и влезе во вечноста.

Шпанскиот тим стана шести клуб во историјата кој успеал да ја освои Лига Европа, односно поранешниот УЕФА Куп без пораз. Претходно тоа им успеа на Тотенхем во 1971/72, Борусија Менхенгладбах во 1978/79, Гетеборг во 1981/82 и 1986/87, Ајакс во 1991/92 и Челси во 2018/19.

Scroll to Top