Визер скопски маратон ќе се одржи во октомври

На 3 октомври (недела) ќе се одржи 17. Визер скопски маратон. Ќе се трча трката на 5 километри, а потоа и ќе се трчаат маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт.

Подигањето на стартните пакети ќе биде од 30 септември до 2 октомври, меѓу 12 и 19 часот, пред главниот влез на салата „Борис Трајковски“, а учесниците постари од 18 години задолжително ќе мора да покажат сертификат за извршена имунизација или примена барем една доза вакцина, потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена или потврда за негативен ПЦР-тест направен 72 часа пред одржување на трката.

Визер скопски маратон 2021 ќе се реализира под специјални протоколи одобрени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, со што ќе биде задолжително одржување дистанца од 1,5 метри, носење маска пред и по завршувањето на трката, како и постојана дезинфекција на рацете.

Визер скопски маратон го организира Сојузот на спортови на Скопје во соработка со атлетскиот клуб „Работнички“.

Scroll to Top