Во сон почина младиот ракометар Марко Божиновски

Нова трагедија ја потресе спортската јавност кога на 20-годишна возраст почина ракометарот на Бутел Скопје, Марко Божиновски.

Според првичните информации, Божиновски починал во сон, откако му откажало срцето.

Кариерата ја почна во Металург, а во Бутел Скопје почна да игра пред две сезони. Божиновски настапуваше во кадетската репрезентација.

Пред неполна недела, на 24 години, почина голманот на РК Охрид, Никола Даниловски-Џамбо.

Scroll to Top