Во Токио на националниот стадион се одржува свеченото отворање на Летните олимписки игри 2020. Церемонијата се одржува без гледачи, а на трибините има само 950 службени лица: дипломати, спонзори и претставници на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), но и 15 шефови на држави и меѓународни организации.
Први на арената ќе влезат спортистите од Грција, а последни ќе бидат натпреварувачите од Јапонија.
Од Македонија ќе се натпреваруваат осум спортисти, Дејан Георгиевски во таеквондо, Арбреша Реџепи – џудо, Миа Блажевска-Еминова – пливање, Филип Деркоски – пливање, Борјан Бранковски – спортско стрелаштво, Пулексенија Јованоска во карате, Јован Стојоски ќе трча на 400 метри и Нуров Магомедгаджи ќе настапи во борење слободен стил. Знаменосец е Дејан Георгиевски.
На Олимпијадата, која ќе трае до 8 август, се очекува да учествуваат приближно 12.500 спортисти.