„За пораз не сакаме пари“ – Пандев ја одби премијата од ФФМ по поразот од Романија

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, ја одби премијата од 40 илјади евра од Фудбалската федерација на Македонија и им ја понуди на фудбалерите како награда за добрата игра и мотив пред следните два меча против Лихтенштајн и Германија.

По поразот од Романија (3:2), Пандев во името на сите фудбалери во репрезентацијата јавно рече дека пари за поразот не сакаат. Тој им порача на челниците на ФФМ парите самите да си ги поделат.

„Ние пари за пораз не сакаме, меѓу себе разговаравме и ниту еден играч не прифаќа ваква премија. Нека си ја подели Управниот одбор таа премија меѓу себе“, рече Пандев.

За потсетување, правилникот за премијата за победа во Букурешт изнесуваше од 80.000 до 130.000 ера. За нерешен резултат оваа сума се движеше од 40.000 до 70.000 евра, а за пораз сумата изнесуваше 40.000 евра.

 

Scroll to Top