Почна акцијата „Купи билет за спас на Вардар“

Деновиве, почна акцијата „Купи билет за спас на Вардар“, што ја поттикна навивачката група „Комити“. Ваквата акција има цел да се соберат средства за да му се помогне на клубот кој во моментот е во тешка финансиска состојба.

 

„Секој билет значи, секој билет е еден чекор поблиску до целта, за секој билет Вардар ќе ви биде благодарен сакајќи да дадеме на значење на историските години за ФК Вардар: 47 билети за спас на Вардар ќе значат, пред сè, признание за вашето лично учество, но и вашето име ќе биде запишано на клупските ѕидови покрај забележителните моменти од богатата клупска историја. 87 или повеќе билети за спас на Вардар ќе ви доделат сертификат заверен од ФК Вардар како признание за вашето лично или учеството на вашето здружение, организација, компанија во борбата за спас на Вардар“, стои во соопштението.

Scroll to Top