Жозе Мурињо е нов тренер на Рома

Португалецот Жозе Мурињо е нов тренер на Рома, потврдија од италијанскиот клуб. Тој потпиша договор и ќе ја води „римската волчица“ во наредните три години.

Мурињо ќе седне на местото на Пауло Фонсека, кој на крајот на сезоната ќе си замине. Ваквиот трансфер за многумина е изненадување, со оглед на тоа што досега никој ништо не знаеше, ниту, пак, имаше некакви шпекулации.

За Мурињо ова ќе биде враќање во Серија А откако во 2010 година постигна историски успех со Интер. Тој до неодамна го водеше тимот од Англија Тотенхем.

Scroll to Top