Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, се изнервирал пред последниот натпревар на Тотенхем со Евертон затоа што Велшанецот Герет Бејл поради ситна повреда не сакал да игра.

Како што пишуваат англиските медиуми, Португалецот најверојатно ќе побара Бејл да биде казнет од управата на клубот.

Мурињо потврди дека Бејл побарал од него да тренира одвоено од тимот и дека не бил подготвен за настан на натпреварот против Евертон. По мечот Бејл на „Инстаграм“ објавил пост на кој напишал дека е подготвен за следните мечеви.

 

Крилниот напаѓач се очекува да се врати во Реал Мадрид ова лето откако ќе му заврши позајмицата во Лондон, Тотенхем во моментов му исплаќа на Бејл 250 000 фунти неделно, додека останатите 450 000 фунти се обврска на „Кралевите“.