Зидан и Реал Мадрид го сакаат Роналдо назад

By

Шпанските медиуми на големо шпекулираат дека португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо наскоро би можел да се врати во неговиот поранешен клуб Реал Мадрид.

Фудбалерот на Јувентус се најде на мета на критики, по испаѓањето на Јувентус од Лига на шампиони. Критиките главно се однесуваа на неговата голема плата која што ја добива во италијанскиот шампион, но слабите резултати на европско ниво.

По испаѓањето од Лига на шампиони од португалскиот тим Порто, шпанските медиуми објавија дека Роналдо е веќе во преговори со неговиот стар клуб, каде ги имаше најдобрите денови во кариерата. Шпанците пишуваат дека и Роналдо има желба повторно да го облече белиот дрес.

И тренерот на „кралевите“, Зиденин Зидан, изјавил дека е подготвен да го прими назад во тимот и дека има вистина во дел од информациите за ваквиот трансфер.

„Да, трансерот може да се случи. Го познаваме Кристијано и знаеме и што сè тој правеше тука. Но, сега е играч на Јувентус и мораме да го почитуваме тоа“, порачал Зидан и додал дека имал среќа што го тренирал славниот Португалец.

„Ќе видиме што носи иднината. Имав среќа да го тренирам и тој е импресивен. Во моментов му тој е дел од Јувентус и прави се за италијанскиот шампион“, изјавил Зидан за „Скај Спорт“.

Роналдо во неделата покажа дека е главна ѕвезда во тимот на Јувентус. Против Каљари постигна хет-трик и и донесе нова победа на „старата дама“ во италијанското првенство. Сепак, шпекулациите велат дека тој е сè поблиску до трансфер во Реал Мадрид.

 

 

 

 

Ќе ви се допадне

WCOStream watch anime dub: That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Episode 12

AnimeDao animedao re zero: Assassination Classroom (Dub) (https://animedao.nl/m/Yl66) Episode 22