Зидан им се врати на тренинзите по оздравувањето од коронавирусот

Тренерот на Реал Мадрид, Зиденин Зидан, оздраве од коронавирусот и се врати на тренизните. Од „кралскиот клуб“ објавија дека сега претседателот Флорентино Перез е позитивен на Ковид-19.

Перез нема симптоми, но на тестирањето добил позитивен резултат. Веднаш заминал во самоизолација во својот дом, велат од клубот.

Зидан, по двата негативни теста, утрово го водеше и првиот тренинг откога ги пропушти последните две средби на својот тим.

Scroll to Top