Анџелина Џоли блесна на црвениот тепих на Златните глобуси во неделата вечерта во друштво на нејзината 19-годишна ќерка Захара Џоли-Пит. И двете беа облечени во креации на Александар Меквин.
Актерката блесна на црвениот тепих во металик фустан од сребрена и црна мрежа, со полупроѕирен дизајн. На прашањето на новинарот на Variety дали нејзината облека е удобна, таа едноставно одговори: „Повеќе отколку што мислите“. Захара воодушеви со крената коса и избра вечерна тоалета од Меквин од 9900 долари за да го прослави големиот момент на нејзината мајка, пишува Page Six.
Ова не е прв пат Захара да ја придружува нејзината мајка на црвениот тепих оваа сезона на награди, дуото заедно присуствуваше на наградите на Меѓународниот филмски фестивал Палм Спрингс претходно оваа недела.