Анџелина Џоли е фотографирана на улиците на Рим, каде моментално престојува со својата ќерка Сахара. Папараците ја уловија на пауза од работа на проект во Италија, а нејзиниот уличен летен стајлинг го обиколи светот.
Заедно со неколку нејзини стилови, кои се состоеја од лабави, удобни парчиња, не останаа незабележани и плетените сандали на платформа кои ги носеше Анџелина. Овој модел на сандали е меѓу омилените на жените, пред се поради неговата удобност, но и поради еден моден трик – ја издолжуваат ногата.
Актерката избра сандали во кремова нијанса со отворени прсти. Безвременска класика кои се идеални за топлите денови. Совршени се за дами кои сакаат да додаваат сантиметар во исто време без да ја изгубат удобноста. Совршено се комбинираат со секојдневниот стајлинг од сите стилови и беа прогласени за најпосакувани обувки во 2022 година.