Елена Ристеска со црвен кармин и бело-златна комбинација за настап во Крушево

Поп-пејачката Елена Ристеска за настапот во Крушево одбра бело-златна комбинација. Таа вчеравечер настапи на пред споменикот Македониум на концертот со Битолскиот Камерен оркестар насловен „Безвременска хармонија“

За оваа пригода пејачката одбра бело долго палто, кое го искомбинира со златна чанта, исто таква боја и чевли, бисерен накит и црвен кармин.

„Облеката не те дефинира, туку твојата личност и однесување. Но, секогаш е убаво чувството кога си добро облечен, тоа ти ја зајакнува самодовербата“, напиша пејачката.

Зад нејзиниот сјалинг стои Даниел Николовски, модната дизајнерка Мерсиха Казим и Теа Клиначова.

 

Scroll to Top