Моделот Емили Ратајковски претходно воодушевуваше со провокативни фустани и бикини кои покриваат толку малку, но сега сето тоа го замени со секси долна облека.
Таа остави силен впечаток и на Неделата на модата во Лондон, кога се појави во облека каква што никој не очекуваше од неа.
Моделот позираше во соработка со бренд за долна облека од чипка со транспарентни детали. Прво, носеше розов мрежест комплет со длабоко деколте, а потоа и малку потемна верзија во чоколадна боја.
Со обете комбинации, таа имаше и впечатлива шминка што ги истакнуваше нејзините специфични црти на лицето, а коментарите под објавата само продолжуваа.
„Апсолутно неодолива“, „Божица“, „Ти си девојката од моите соништа“, „Секси и софистицирана“, „Прекрасна си“, беа некои од најчестите коментари.
Емили Ратајковски не престанува да изненадува со секое ново појавување. Нејзиниот изглед е секогаш главна тема, а убавата манекенка обожава да ја користи секоја можност да покаже што поседува.