Најдобро облечената кралица блесна на свечен прием во Севиља на кој присуствуваа бројни шефови на држави.
Шпанскиот кралски пар организираше прием по повод 4-тата Меѓународна конференција на ОН за финансирање на развојот, за време на која кралицата Летиција повторно одржа час по стил со своето модно издание.
Познато е дека Летиција е икона на стил кога станува збор за нејзините појавувања, нема задача на која не може да одговори и многу често ги поместува границите на модата.
Фустаните се „нејзина специјалност“, па овој пат таа блесна во смела комбинација од сина и златна боја, што понекогаш може да биде сосема погрешно, но не и во нејзиниот случај.
Моделите со А-крој се омилени на убавата кралица, а таа имаше и малку посмело деколте, со оглед на тоа дека се работи за правила на кралското семејство кои мора строго да се почитуваат.
Синиот фустан беше украсен со ситни златни конци инспирирани од цвеќиња, а Летиција ги прилагоди своите чевли на тоа, одлучувајќи се за златни штикли со многу ниска потпетица.
Уште еднаш, кралицата на Шпанија го потврди своето место на листата на најдобро облечени жени, барем во Европа, а единствена конкуренција ѝ е Кејт Мидлтон.