Актерката Џесика Алба, која е повторно заљубена по разводот и многумина се согласуваат дека изгледа подобро и помладо од кога било, ги изненади сите со својот нов имиџ. Станува збор за нова фризура и ова е драстична промена што ја направи холивудската актерка.
Таа ги замени своите препознатливи брановидни, лежерни прамени со раскошни локни, а новата фризура ја комплетираше со ефектен долг фустан со зебра принт, гол грб и рез на деколтето.
Таа нè потсети на ретро модата и периодот кога владееше ерата на диско, а со фотографиите што ги објави на Инстаграм напиша: „Мало враќање на редовната програма“.
За да направи сè во стилот на 70-тите, бидејќи сме сведоци на големо враќање на ретро модата, таа го заокружи стајлингот со големи обетки, популарни нараквици и розов кармин.
Таа сподели и уште неколку фотографии, вклучувајќи селфи во теретана, уживајќи во времето со пријателите и децата, и момент на релаксација додека пиеше мартини.






