Манекенката Бела Хадид (28) ги воодушеви своите следбеници со нова објава на Инстаграм. Таа објави серија фотографии на кои позира во снежна шума, облечена само во бикини и каубојски чизми.
Со себе имаше и бело-црвен шал кој го носеше на неколку фотографии. Косата ја заврза во пунџа со црвен ластик.
„Убава“, „Снежна божица“, „Стопи го тој снег, кралице“, „Ја сакам таа марама“, „Изгледаш убаво“, напишале нејзините воодушевени следбеници.