Пејачката Кејти Пери го привлече вниманието во гламурозен, светкав сребрен фустан додека позираше на црвениот тепих во Capital Jingle Bell Ball.
Пејачката се одлучи за смел фустан со светки без градник под него додека се подготвуваше да настапи во лондонската О2 Арена на втората вечер од годишниот божиќен спектакл.
Кејти ја истакна својата фигура во фустанот, кој имаше шлицови од страна и впечатлив изрез. Косата и беше пуштена и брановидна, а аутфитот го комплетираше со високи потпетици.
Таа за настапот носеше црвен топ без прерамки и мини здолниште. Комплетот го комбинираше со впечатливи високи чизми од вештачко крзно до колена и мрежести чорапи.