Изгледот што ја одбележа Неделата на модата во Париз беше секако оној со кој нè почасти Ким Кардашијан, пристигнувајќи во сосема поинакво издание и, на прв поглед, изгледајќи речиси идентично како нејзината мајка Крис Џенер.
Ким Кардашијан драстично ја промени фризурата, и таа пристигна на ревијата на Maison Alaïa и уште еднаш докажа дека дефинитивно е мајстор за привлекување внимание.
Нејзината сличност со нејзината мајка ги воодушеви многумина, а што се однесува до самиот аутфит, па… јавноста веќе е навикната на него, бидејќи се појави во проѕирен црн фустан без прерамки. Корсетот под проѕирниот материјал со впечатлив горен дел што истовремено ги крие и открива нејзините гради беше ѕвездата на аутфитот, а Ким го комплетираше фустанот со црна чанта и штикли, како и црн капут што само го фрли преку рамо, но и со впечатливи обетки.
„Мислев дека ова е Крис“, „изгледаат како близначки“, „Како Крис кога беше помлада“, „Што прави Крис Џенер тука?“ се само некои од многуте коментари што ги предизвика „новата“ Ким Кардашијан.
Таа објави и некои од фотографиите на социјалните мрежи, очигледно задоволна од својот нов имиџ.
фото: принтскрин