(Фото) Колумбиската „бомба“ во фустан од Викторија Бекам

Софија Вергара, актерка и една од најубавите жени во светот, покажа дека е меѓу познатите личности кои обожаваат да носат облека од колекцијата на Викторија Бекам.

Колумбиско-американската ѕвезда беше фатена додека одеше во ресторан во Беверли Хилс, каде што ја помина вечерта со пријатели, а за оваа пригода се одлучи за прекрасна зелена креација од Викторија Бекам што познатата дизајнерка ја создаде специјално за неа.

Кежуал фустанот има кратки ракави и миди должина, со дискретен деколте и набор под градите.

Атрактивната ѕвезда го комбинираше фустанот со сандали во малку потемна нијанса.

Иако обично носи смели комбинации кои го истакнуваат нејзиниот главен адут – градите, Софија Вергара овој пат беше малку помалку провокативна, но сепак доволно за да мами погледи и да привлече со својата убавина и фигура.

Патем, Софија Вергара неодамна стана амбасадор на спортскиот бренд Skechers, пишувајќи историја како првата Колумбијка што е лице на популарен бренд.

фото: принтскрин

Scroll to Top