(Фото) Марго Роби во три сосема различни модни комбинации низ Њујорк: покажа дека ги следи трендовите

Актерката Марго Роби деновиве привлекува внимание и нè воодушевува со своите смели и необични модни избори, кои толку многу ѝ одговараат што можеме само да кажеме „вау“.

Во елегантно-секси издание, таа беше фатена пред два дена во Њујорк, кога го напушташе својот хотел, подготвена да позира со своите обожаватели.

Холивудската убавица носеше сива комбинација во форма на лежерни панталони инспирирани од фармерки и необично кроено сако, под кое откри минимален црн градник.

Сакото е кратко, но со подолг преден дел и закопчување под половината, а модерните пуфкасти ракави ѝ ја даваат таа „ИТ вибрација“. На познатата актерка, која никогаш не престанува да предизвикува восхит, и со својата убавина и со својата фигура, комбинацијата и стоеше како скроена за неа.

Комбинацијата ја заокружи со црна чанта, црни ретро кожни сандали со дрвен ѓон, како и црни очила за сонце, покажувајќи ни уште еднаш зошто е модна инспирација за многумина.

Идеален есенски аутфит
Таа не погреши ни трошка кога прошета во совршениот есенски аутфит и највпечатливиот дезен што нè потсетува на постудените денови – карирано преголемо сако за кое можеме слободно да кажеме дека е безвременско парче и дека секоја жена треба да ја има во својот гардеробер.

Изгледа совршено на секого, секој може да ја комбинира со што сака, а Марго се чини дека го комбинирала на најдобар начин – со едноставни фармерки со широки ногавици и бела маица.

Впечатлив детаљ од комбинацијата се елегантните црни чевли со зашилен врв, кои одамна владеат со модната сцена и се обожавани од познатите личности.

Лесно можете сами да го копирате лежерниот изглед на Марго Роби, без разлика дали се подготвувате за работа, кафе, вечерно излегување или опуштена прошетка.

Летото сè уште не е завршено…
Сè уште има топли денови пред нас, а Марго се чини дека ни дава инспирација за сите временски услови.

Таа исто така се прошета низ Њујорк во кожен комплет во една од кафеавите варијации што е апсолутен број еден оваа сезона, составен од здолниште со низок струк од кожа (уште еден хит на есента) и топ, со интересен детаљ на обете парчиња.

Оваа комбинација го нагласува нејзиниот рамен стомак и витката фигура, а со комплетот носеше сандали со тенки ремени и кафеави очила за сонце.

Кафеавата како апсолутен хит во сè
Таа имаше кафеав лак за нокти на сите три модни изданија, покажувајќи дека верно ги следи модните трендови и, најважно од сè, знае како да ги носи.

Не заборавајте дека дури и најобичното и најевтино парче облека може да изгледа најскапо и совршено, и дека секој изглед може да биде за вас, ако знаете како да го изведете.

Марго Роби постојано ни го докажува ова…

фото: принтскрин

Scroll to Top