(Фото) Најубавата кралица повторно го има модното парче на сезоната

Кралицата Летиција од Шпанија и нејзиниот сопруг, кралот Фелипе, имаа официјална посета на Кина која привлече големо внимание од модните портали, секако поради изгледот на прекрасната кралица, кој се чини дека никогаш нема да престане да воодушевува.

И додека сме навикнати да ја гледаме во совршени фустани, елегантни костуми и гламурозни комбинации, сега таа покажа и како може да изгледа во најдобрата зимска комбинација. Главна ѕвезда овој пат беше капутот.

Кралицата се одлучи за сив капут со цветен дезен, а според Harper’s Bazaar, станува збор за креација од нејзиниот омилен бренд Carolina Herrera, чија цена е 5.990 долари и е веќе распродаден.

Станува збор за модел во А-крој со нагласени рамена, но и ремен што го нагласува струкот. Летиција сè надополни со едноставни ниски потпетици во нежно розова боја. Патем, кралицата веќе некое време не се откажува од пониските потпетици, па покрај тоа што се удобни, тие се покажаа и како совршено решение за дополнителна елеганција.

Многумина се согласија дека ова е најубавиот капут на сезоната, и не е изненадувачки што го има кралицата Летиција, која долго време е позната како некој што поставува нови модни трендови.

фото: принтскрин

Scroll to Top