Актерката Мишел Фајфер (67) одамна е во своите 60-ти години, но ако го погледнете нејзиниот изглед, веројатно би помислиле дека оваа жена успеала да го запре времето. Секое нејзино ново појавување го излудува целиот свет, а Мишел ја покажува својата нереална убавина.
Неодамна ја претстави својата нова серија „Margo’s Got Money Troubles“ и на прес-конференција воодушеви со својот изглед, но и со своите модни избори.
Мишел е можеби единствената позната убавица која не мора да ги следи модните трендови, а секогаш ќе изгледа одлично. Овој пат блесна во лежерна бела кошула и беж широки панталони со висок струк. Дополнително го нагласи струкот со малку потемен ремен и самоуверено позираше за фотографите.
Иако ги доби сите симпатии со своето модно издание, нејзиното лице повторно беше во фокусот, како и фактот дека има 67 години.
„Се држам до она што никој не сака да го чуе. Се хранам здраво, вежбам и спијам. Секогаш ја бараме таа мала тајна, но таа не постои. Само кога не работам си дозволувам малку релаксација. Но, всушност, тајната е во тоа што нема тајна“, рече еднаш Мишел.






