(Фото) „Не ме интересира што мислат луѓето, забавно е да се носи секси фустан“

Познатата актерка Дакота Џонсон често е предмет на внимание поради нејзиниот стил на облекување. Холивудската убавица обожава да биде провокативна, но со умереност, а некои дури ја обвинуваат дека е премногу секси.

Дакота се смета и за една од најдуховитите познати личности, а неодамна привлече внимание со изјава за мажите.

Сепак, нејзините голи фустани, по кои е позната, секогаш се многу повеќе во центарот на вниманието, а за ова таа зборуваше во интервју за германското издание на „Вог“.

Новинар ја праша дали проѕирниот фустан е можеби премногу секси, а Дакота имаше подготвен одговор.

„Навистина не ми е гајле. Имав можност да носам некои од најубавите фустани и се чувствувам убаво во нив, па затоа ги носам. Понекогаш тие фустани ми стојат добро, но има и некои што не ми стојат добро. Ако најдам прекрасен фустан во кој се чувствувам удобно, секако дека сакам да го носам. И забавно е да се носи секси фустан“, рече актерката.

Дакота Џонсон најмногу блеска во дизајните на Гучи, и како што истакна, нејзината мајка Мелани Грифит развила силна слика за нејзиното тело уште од мала возраст.

„Мајка ми беше многу отворена за темата тело. Нè научи како да се грижиме за нашите тела и да ги сакаме и мислам дека тоа е навистина важно за едно младо девојче бидејќи постојано ни се вели дека не сме доволно добри“, рече Дакота.

фото: принтскрин

Scroll to Top