Помладиот син на Дејвид и Викторија Бекам, Ромео, сериозно планира да се занимава со манекенство.
Иако семејството Бекам често е на модните писти, а постариот син Бруклин, со кого сега не се во добри односи, исто така се обиде да се занимава со тоа, се чини дека Ромео ќе продолжи по тој пат.
Како што започна Лондонската недела на модата, имавме можност да го видиме и Ромео Бекам на модната писта заедно со Лила Мос.
Тој прошета во црно од глава до пети, широки панталони и кожна јакна со крзно околу јаката. Неговиот сериозен израз на лицето многумина ги потсети на Дејвид.
Ромео се обиде да игра фудбал во тинејџерските години, а беше и во младинските категории на Арсенал, но минатата година ја заврши својата професионална кариера и целосно се посвети на манекенството.
Се чини дека сите членови на семејството Бекам мора да се обидат да се занимаваат со манекенство, па затоа сè уште не е познато дали најмладата Харпер ќе се обиде да се занимава со истото, како нејзините браќа.
фото: принтскрин