(Фото) Секогаш совршено, но не и овој пат? Ева Лонгорија и „најлошо облечена“ е главна тема

Популарната џебна Венера, познатата актерка Ева Лонгорија, блесна на црвениот тепих на настанот „Моќта на жените“ во Беверли Хилс. Како и обично, актерката беше олицетворение на смелоста и елеганцијата.

Секое нејзино модно издание привлекува светско внимание и речиси секогаш е „мета“ само за позитивни коментари, но овој пат успеа да предизвика мешани реакции и малку да ја изненади публиката.

Ева се појави во мало црно фустанче преку кое носеше преголемо сако во иста боја. Со оглед на кројот и должината на сакото, фустанот само малку ѕиркаше од под него, но тоа беше доволно за актерката да ги истакне сите нејзини атрибути.

Црните салонки со ремени и ефектен накит имаа задача да го комплетираат ова монохроматско издание во кое Ева уживаше.

Повеќето беа воодушевени од ова издание, но имаше и такви кои мораа да нагласат колку се шокирани од ова појавување. Очигледно, таква грешка не се очекуваше од секогаш совршено стилизираната Ева Лонгорија.

Она што беше досадно беше изборот на сако, за кое беше коментирано дека уште повеќе го нагласува нискиот раст на Ева, правејќи да изгледа како „да ја зела старата јакна на нејзиниот татко од плакарот“ и била „најлошо облечена на овој настан“, објави „Глам“.

фото: принтскрин

Scroll to Top