Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз покажа дека модата може да оди рака под рака со врвниот тенис на теренот.
Во последното финале на Отвореното првенство на САД, Алкараз го победи Јаник Синер, но покрај неговата мајсторија на теренот, тој брзо стана тема и поради неговата облека.
На сите им го привлече вниманието со неговите виолетови патики, како и со неговата маица и шорцеви кои беа во слични нијанси, па затоа не би било изненадувачки ако младата шпанска ѕвезда наскоро стане модна икона.
Алкараз носеше светло розова маичка без ракави и виолетови шорцеви, а целиот изглед беше комплетиран со патики во истата нијанса на виолетова – персонализиран модел Nike Vapor 12, инспириран од патиките Vapor Pro 1 од 2020 година, кои често ги носеше во раните фази од својата кариера.
фото: принтскрин