(Фото) Со причина ја носи титулата најдобро облечена жена во 2025 година

Принцезата Кејт Мидлтон е прогласена за „најдобро облечена дама“ за 2025 година. Титулата и признанието и го доделува британското издание на познатото модно списание „Вог“.

На светот, како и на модните критичари, не им се непознати префинетиот вкус за мода и детали што го поседува принцезата од Велс. Кејт Мидлтон е позната по своите беспрекорни комбинации на облека кои претставуваат спој од чиста елеганција и модерен шик, а притоа не го нарушуваат кралскиот кодекс на облекување.

Секое парче од нејзината гардероба има своја приказна, а интересно е и тоа што таа често рециклира облека, односно дека е голем обожавател на одржливата мода. Во овој поглед, не е ни чудо што Кејт Мидлтон е прогласена за „најдобро облечена дама“ за 2025 година според „Вог“.

Како што објави „Дејли меил“, принцезата е карактеризирана и како „вечна инфлуенсерка“ која секогаш наоѓа начин да ги инспирира луѓето околу неа. Покрај неа, признанија добија и: Алекса Чунг, Сиена Милер, Кејт Мос, Наоми Кемпбел и Викторија Бекам.

„Вог“ објави и број посветен на познати ѕвезди кои со своите модни изрази ја освоија редакцијата на списанието, а со тоа и титулата „ѕвезди со најдобар стил“, поточно, 55 влијателни личности го красат бројот.

Интересно е што Меган Маркл, сопругата на принцот Хари, не се најде на оваа листа, иако минатата година за „Њујорк тајмс“ изјави дека изборот на вистински модни парчиња е нејзина силна страна, пишува „Дејли меил“.

Scroll to Top