(Фото) Вистинска дама изгледа како Скарлет Јохансон

Скарлет Јохансон неодамна се појави во „The Late Show“ со Стивен Колбер. Љубопитните фотографи ја фотографираа на улиците на Њујорк, пред студиото, а за таа пригода таа одлучи да облече дамска креација.

Дамската облека се карактеризира со отсуство на кич детали, минималистички крој, црн фустан и високи потпетици. Стилот на познатата русокоса ги содржеше сите горенаведени карактеристики и се квалификуваше за терминот „дамско издание“.

Скарлет носеше црн макси фустан со рамен крој што ја истакнуваше нејзината завидна фигура, а впечатлив беше и преголемиот ремен што го нагласуваше нејзиниот струк.

Стилот го надополни со златни додатоци, шминка во земјени тонови и впечатлив црвен кармин, како и рамна коса.

фото: принтскрин

Scroll to Top