Македонскиот модел со интернационална кариера, Елена Реи, стана заштитно лице на ексклузивниот бренд за часовници и префинет накит „Шопард“. Таа сликаше едиторијал за нивната нова колекција, а фотографиите ќе се појават на реклами во списанија, низ дуќаните на „Шопард“ ширум светот и во рекламните материјали на познатиот бренд.
„’Шопард’ е една од најстарите и најпознати швајцарски компании кои произведуваат рафинирани часовници и накит. Постојат од 1862 година, а интересно е што на престижната аукција на компанијата ‘Кристис’, нивниот рачен часовник Happy Diamond беше продаден за сума од 1,67 милиони долари“, велат од „Моделс ИН“, матичната модна агенција на Елена.
Реи, која десет години има успешна интернационална кариера, веќе подолг период престојува во Азија и работи во Кина, Јужна Кореја , Хонг Конг, а слика кампањи и каталози за светски брендови.