Широките панталони се идеални за пролетен стајлинг бидејќи одлично одат со романтични блузи, топови и широки сакоа, а доколку изберете ваков тип на бели панталони даваат ефект на долги нозе и витка линија.
Широките панталони може да се носат во најразлични ситуации, од лежерни излегувања до елегантни настани, а тајната на добриот изглед е во нивно комбинирање со соодветни модни парчиња и додатоци. Но, пред се, треба да ги пронајдете вистинските, модел кој одговара и на вашата фигура.
Моделот со средно висок струк ја истакнува силуетата, а самиот крој создава ефект на долги нозе. Покрај тоа, овој модел на панталони во бела боја е идеален за комбинирање со клучните пролетни трендови.
Совршено се вклопуваат со сандали на потпетици.